,

“Оревокршачка” на мраз се презакажува за 4ти декември

Добивај вести на Viber

Оревокршачка на мраз, во изведба на Рускиот државен балет на мраз, поради технички причини се презакажува за 4ти декември 2017 година! Балетскиот спектакл Оревокршачка на мраз кој требаше да се одржи на 24ти ноември 2017 година, поради технички причини се презакажува за 4ти декември 2017 година, локација непроменета - Македонска Опера и Балет, со почеток во 20 часот. Важно известување за сите кои веќе имаат набавено билети: Купените билети со датум 24ти ноември 2017 година се важечки за претставата на 4ти декември 2017 година и нема никаква потреба од нивна замена за билети со нов датум! Билетите за овој балетски спектакл на мраз - Оревокршачка на мраз кои се во ограничен број може да се набават преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија, билетарата на МОБ, во Пола ЈуготонЈуготон, цвеќара Розе - Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.