Хороскоп // Хороскоп
Откријте ја жената Скорпија
Жената родена во овој хороскопски знак е најсекси и водено најтаинствениот знак во хороскопот. Магнетски привлекува, таа е егзотична, длабока како морето, но зависно од своето расположение, мирна или бурна. Ја краси извонредна интуиција. Не може да ја сфатите лесно. Таа е директна, брилијантно препредена и продорна, нестрашлива и твдролгава, ќе успее во секоја животна препрека. Со проблемите се соочува со крената глава.
Сака јасни почетоци и јасни краеви. Самоуверени, снаодливи и силни, Скопионките се одлучни да успеат. Не бегаат од напорна работа, подготвени се и на многу жртви за да стигнат до цел.
Скоприонките се силно љубоморни, како ниеден друг знак. За предавство, го сметаат и малиот флерт на партнерот. Во љубовта бараат комплетна верност, предаденост и страст. Она што тие се подготвени да го дадат постојано.
Како пријател, може да биде и најдобра и најлоша. Верноста ги карактеризира и во овој случај. Предавство не заборават, ама баш никогаш. Ако ѝ докажете дека сте благодарен другар, ќе ви биде верна до гроб. Озборувања не сака ни да слуша, ни да шири.
Жената Скорипион лесно се приметува. Ја краси фатална убавина. Кога ќе влезе во соба, сите ја гледаат. Главно има темна боја на коса, сензуални усни и заводлив глас. Во прилог на изгледот и нивниот инстинкт за мода, зборува фактот дека главна уредничка на модната Библија „Вог“, Ана Винтур е Скорпија. Покрај неа тука се и Тилда Свинтон, Деми Мур, Ема Стоун, Џулија Робертс, Грејс Кели и други.