Животна училница // Приказни
ПЕЛЕНСКА РЕВОЛУЦИЈА ги собра потребните потписи – Собранието е на потег!
Граѓанската иницијатива „450 породилно“ ги собра потребните 10-те илјади граѓански потписи за изменување на законот за работни односи. Предлог законот предвидува место досегашните девет, породилното да трае 18 месеци.
„Жените треба и мора да имаат право на избор во однос на породилното отсуство. Жените раѓаат, дојат и секоја мајка треба да има право на избор за своето дете“ - вели Бисера Димитровска. Таа, за Женски Магазин додава дека ја поддржува иницијативата Пеленска Револуција. „Политичарите и другите одговорни лица мора поинтензивно да размислуваат и делуваат во поглед на и изнаоѓањето и примената на мерки. Пеленската Револуција е одлична иницијатива и јас сметам дека треба да се поддржи“ - додава Бисера.
Според Ивана Недиќ, која е вработена мајка, дискриминацијата е присутна секојдневно. Ја практикуваат сите, додава таа. „Не е редок случај ни случајот на дискриминација жена кон жена. Отсуството на вработената жена заради мајчинството често се злоупотребува. Токму и затоа сметам дека нашата борба како жени, треба да биде во таа насока Жената постојано е поставена пред предизвикот да бира меѓу кариерата и смејството“ - додава Недиќ. Можеби треба да се размислува и за опцијата скратено работно време. Така жената добива повеќе простор и како мајка и како успешна деловна личност.
Законодавниот дом има рок од еден месец да се изјасни по предложениот закон. Граѓанската иницијатива по втро пат се обидува да издејствува зголемување на породилното боледување. Претходно пратениците го одбија законот со образложение дека е недоволно уреден.
За Женски Магазин, Вики Чадиковска