,

Пет илјади евра за победникот на Макфест

Добивај вести на Viber

Првонаградениот на фестивалот „ Макфест “ , кој по 32. пат ќе се одржи на 5, 6 и на 7 октомври во Штип ќе добие награда од 5.000 евра, тимот на второпласираната песна 4.000, а онаа песна која ќе го освои третото место 3.000 евра. Општината Штип, како организатор на фестивалот ќе ги обезбеди наградите на наместо Министерството за култура. Минатата недела, Министерството донесе одлука да го намали наградниот фонд од 26.500 евра на 3.000 евра. Наградите како што се дебитант или сценски настап, изнесуваат по 500 евра, објави  Драган Ристов од прес-центарот на штипскиот фестивал. Со оваа одлука, се најдоа на средина Општина Штип и Министерството за култура. - Градоначалникот Илчо Захариев одлучи паричниот фонд да не биде ниту по предлогот на Министерството, ниту по претходниот преддоговор , додаде Ристов. Минатата недела од Министерство за култура објавија дека наградите ќе се распределат на поинаков начин од лани. Победникот требаше да добие 1.500, второто место 1.000 и третото 500 евра. „ Овие средства Општината Штип ги има предвидено за „ Макфест  со годишната програма за култура. За оваа намена буџетот издвои 4 милиони денари. Од нив е обезбеден новиот награден фонд “, изјави координаторот на „ Макфест  Кирил Панајотов. На 5 октомври ќе се одржи првата полуфинална вечер со 15 песни, на 6 октомври е втората вечер со исто толку композиции, а на 7 октомври, е финалната вечер во која ќе влезат по 9 песни од двете полуфинални вечери. Водител на фестивалот е Димитар Атанасовски, а на сцената ќе ги гледаме Антонија Гиговска, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Елена Петреска, Огнен Здравковски и други. [caption id="attachment_1018" align="aligncenter" width="640"] Во сабота, за време на гласањето ревијално шоу ќе одржи ланската победничка Александра Јанева[/caption] Во сабота, за време на гласањето ревијално шоу ќе одржи ланската победничка Александра Јанева. Таа е двојна победничка на Макфест. Лани, ја освои публиката со песната „ За сто години , а во 2013 победи со „ Врати ми го сонцето . По три години одржување во јуни, на голема радост на штипјани и на сите љубители на „ Макфест , фестивалот од оваа година се врати во својот стар термин, првата половина од октомври.