Купувањето преку интернет може да биде многу евтино, но постои и негативна страна на онлајн шопинг.
Некои модни парчиња никогаш не треба да ги купите преку интернет, бидејќи мора да ги пробате.
Градник
Иако ја знаете големината на вашите корпи, градниците може да бидат различни од произведувач до продизведувач.
Патики
Патиките или било кои други обувки не треба да ги купувате преку интернет. Броевите на обувките исто така може да се разликуваат, а најважна работа е секако удобноста.
Панталони или фармерки
И самите знаете колку време ви е потребно да изберете панталони или фармерки. Без да пробате тешко ќе најдете некои кои ви одговараат.
Елегантен фустан
Колку и да ви изгледа прекрасен, елегантниот фустан треба да го пробате пред да го купите.
Долна облека
И долнта облека треба да одговара на вашето тело и да изгледа добро.