Моден фокус // Трендови
Погледнете како изгледа внатрешноста на култната вила Версаче
Раскошната вила пред која во 1997 година беше убиен обожаваниот моден дизајнер Џани Версаче, и покрај својот култен статус, со години не го пронајде својот купувач. За неа во тој период се бараше огромна сума од 125 милиони долари, но накрај е продадена минатата есен на аукција за 41 милион долари.
Во оваа екстравагантна вила сместени се 10 луксузни апартмани, од кои еден е некогашната спална соба на Џани Версаче. Ентериерот е дограден во стилот на починатиот дизајнер, а собите може да се изнајмат по цена од 795 долари по ноќевање.