Култура // Настани
Почина пејачката на Кранберис
На 46 години ненадејно во Лондон почина ирската пејачка Долорес О Риордан.
Веста за смртта на главниот вокал на Кранберис е потврдена од нејзиниот портпарол. Не е објавена причината за нејзината смрт.
Таа беше главен вокал на бендот, кој минатата година издаде нов албум „Something Else“ и планираше негова турнеја во Европа и Северна Америка. Долорес беше дел од бендот цели 13 години, се до 2003, кога направија пауза, за повторно да се обединат во 2009.
Ирскиот претседател изјави дека смртта на Долорес е голема загуба.
Според информацијата која ја пренесе Гардијан, веста ги шокирала и нејзините блиски и нејзините фанови. Семејството побара разбирање од обожавателите и медиумите во овој исклучително тежок момент. Телото на пејачката е пронајдено во хотел во Лондон.