,

Прва меѓународна веб конференција за родова еднаквост

Добивај вести на Viber

На 28- ми март во Скопје ќе се одржи “Првата меѓународна веб конференција за родова еднаквост“. Конференцијата е резултат на проектот „Еднаква моќ за жените“, во реализација на Институтот за комуникациски студии – Скопје и Институтот Изида Вита од Словенија, Проектот е кофинансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и има поддршка од словенечката амбасада во Скопје. Главните цели на  проект и Меѓународната веб конференција за родова еднаквост е подигнување на свеста за родовата еднаквост во големите и средните компании во Македонија и пренесување на позитивни искуства од Словенија и од други земји во Република Македонија.Според Извештајот на Обединетите нации за жените за 2015-2016 година, иако се зголемува нивото на образование на жените, половите предрасуди во домаќинствата и на пазарот на трудот влијаат врз поделбата на професиите помеѓу мажите и жените што има индиректни последици врз платите и бенефициите според видот на работата. Проблемот кој постои во Европа е нееднаквата застапеност на жените на највисоките раководни позиции, факт кој се потврдува со спроведеното истражување во рамките на проектот.  Според одговорите на испитаниците, во најголем број на македонските големи и средни компании мажи се сопственици (73%) или генерални менаџери (67%), додека жени менаџираат во 33 отсто од компаниите, а само 27 проценти се сопственички. Повеќе детали на: http://iks.edu.mk/mk/ednakva-mok-za-zenite