Култура // Настани
Први во светот
Поштенската марка „Деца со ретки болести“ ја промовираа денес, Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ и АД Македонска пошта.
Ова е прва ваква поштенска марка во светот. Поштенската марка има номинална вредност од 48 денари, а издадена е во тираж од 6.000 примероци. Автор е дизајнерот на Бирото за филателија, Лоран Куфало.
Претседателот на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, Весна Алексовска денеска на промоцијата на поштенската марка вели дека се ентузијасти. Се надеваат дека таа ќе помогне во подигањето на свеста за ретките болести.
Алексовска посочи дека идејата на поштенската марка потекнала од Гордана Лолеска од Охрид. За восхит е тоа што таа го направила со желба да им помогне на децата со ретки болести.