Утре со почеток од 20 часот, во Театарот за деца и младинци во Скопје, премиерно ќе се изведе претставата „Снежната кралица“ во режија на Драгана Милошевски – Попов, а по текст на Билјана Крајчевска.
Сценографијата е на Кирил Василев, костимограф е Андреј Папаз Ѓоргиевски, а кореографија и сценски движења се на Симона Спировска. Композитор на музиката е Огнен Анастасовски. Ана Левајковиќ ќе ја игра насловната улога, а во актерската екипа се и Сара Климоска, Бојан Кирковски, Мики Анчевски, Симона Спировска, Емра Куртишова и Мартин Јорданоски.