ПРИКАЗНАТА ЦРНОКРАК: Дождот на свадбата ни донесе среќа!

Добивај вести на Viber

МОДНАТА ДВОЈКА СВЕТЛАНА И МИКИ ЦРНОКРАК ДЕНЕСКА СЛАВАТ 20 ГОДИНИ БРАК 

Светлана и Мики Црнокрак денеска слават убав јубилеј, 20 години од нивната венчавка. Двојката која веќе 16 години успешно го води модното студио „Црнокрак“, вели дека јубилејот ќе го прослави дома, во семејна атмосфера со нивните најблиски луѓе. „Изненадувања секако дека си приредивме, но тоа сепак ќе остане наша тајна“, ни изјави Светлана Црнокрак. Со Мики, се навративме на нивните почетоци, кога тој и Цеце како млади манекени ја започнаа врската. 

Се запознавме каде на друго место, ако не на модна ревија и тоа во Битола, една и пол година пред нашата свадба, која се случи точно на овој ден, 11 октомври во 1997 година. Тој ден не беше сончев како овој. Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак“, раскажа Црнокрак додавајќи дека постарите биле во право. 

Кога се запознавме, се случи љубов на прв поглед, па потоа дојде и втор и трет“, вели Светлана. 

„На почетокот на љубовта, ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега по 20 години брак се навикнавме и се адаптиравме на сѐ, па дури и на тоа што можеби ни пречело“, ни раскажа Цеце, која е еден од најуспешните домашни женски модели.

За Мики и за Светлана, љубовта и плодовите на љубовта се основните работи за еден успешен брак, надополнети со разбирање, почит, компромис. Круна на нивната љубов се ќерките Моника и Нина. 

Моника има скоро 19 години и е прва година на факултет, а Нина ќе наполни 6 години и е прво одделение. Разликата е 13 години, и навистина е возбудливо и интересно кога го живееш паралелно животот на бруцош и на едно прваче“, додаде Светлана.

Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак[/caption] „Модното студио Црнокрак постои веќе 16 години, а и самиот тој факт дека постоиме толку долго и сме најголемата и најдобра агенција во Македонија, тоа е успех со кој многу се гордееме. Успехот е надополнет со многуте титули кои ги постигнуваме надвор од нашата држава како амбасадори на македонската убавина ширум целиот свет“, додаде Мики.  

Со Светлана и Мики Црнокрак, за Женски Магазин разговараше Милица Џаровска