,

Распоредот на собите во домот според Багуа мапата во Фенг Шуи

Добивај вести на Viber

Багуа мапата е Фенг Шуи начин за носење на добрата енергија на вашето здравје, интимни врски, пријателски врски, кариера и многу други сегменти. Потпомага за донесувањето на добра Чи енергија во сите делови од вашиот живот и е важна алатка во Фенг Шуи. Најчесто користена е Западната Багуа мапа, бидејќи е упростена за полесно сфаќање и снаоѓање. Оваа мапа се состои од 9 полиња односно квадрати со посебно значење. Според западниот начин на читање на мапата, не се користи компас за некој од дадените квадрати да се наоѓа во одреден правец, туку оваа мапа се ориентира само по влезната врата. За да ја пренесете оваа мапа во домот или пак во вашата канцеларија, потребно е да ја имате мапата од постојното место. Земете едно парче провидна хартија и ставете го врз планот од вашиот дом и канцеларија и нацртајте една багуа мапа - голем квадрат поделен на 9 мали квадрати. Доколку формата на вашиот дом или канцеларија нема совршена квадратна форма, односно има делови кои фалат или пак се надвор од квадратот. Тие делови од мапата се ослабени и имаат помала сила на енергијата, па затоа многу често наместо да ја нанесат Багуа мапата врз целиот дом, ја нанесуваат за секоја соба посебно за да се засилат оние делови кои недостасуваат во домот. Како што напоменавме секој квадрат има различен дел од вашиот живот, различен елемент, различна боја и форма која треба да биде нанесена. Според тоа полињата на Багуа мапата се: благосостојба, слава и репутација, брак - љубов и врски, семејство и физичко здравје, спиритуално здравје, креативност и деца, вештини и знаења - мудрост, кариера и животни патишта, влијателни луѓе и патувања. Погледнете го планот на вашиот дом, соба или канцеларија и видете каде се наоѓа според Багуа мапата. Започнете со тоа што ќе ја лоцирате влезната врата од вашиот дом, соба или канцеларија лоцирајќи ја во долниот дел од мапата, во некое од трите полиња.   За Женски Магазин, Ана Јордановскa