Еднаш неделно спијам
гола.
Аман од сите видови пранги,
па макар
и памучни.
Секој петок кожата ми дише
на раат,
без кремови
и етерични масла,
нека биде цената нова
брчка над усните.
Пред викенд,
легнувам без бумбарите
во сивата маса
и лебарките во левата
маса на мозокот.
Со гладен стомак,
без гасеници
и пеперутки.
Мојата недела почнува во
сабота,
кога гладна, соголена
и бледа
гледам дека светнал
денот,
без разлика што ми се
темни пред очи
од талозите на
вештачките постоења.
Моли да го зграпчам!
За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола