,

РЕЦЕПТ: Викендов имате време да ги направите: Вкусни новогодишни елкички

Добивај вести на Viber

Уште два дена до пристигањето на Новата година. Тие се навистина доволни ако сте дома и посакувате да ги изненадите вашите најмили. Ви даваме интересен рецепт со кој ќе се воодушевите и вие самите. Потребни состојки:
2 гол.лажици шеќер во прав
600 гр мелени бисквити
2 белки
300 гр мелени ореви
200 гр чоколадо за готвење
500 мл слатка павлака
млеко по потреба
зелена прехранбена боја
разни украси за декорирање
Подготовка:

Белките и шеќерот ги матиме со миксер додека не добиеме цврст бел снег. Потоа ги додаваме мелените бисквити, мелените ореви и 300 гр растопено чоколадо. Мешаме со лажица. За изработка на елкичките, потребно е да добиеме смеса соодветна за обликување. Доколку состојките се суви и нехомогени, додаваме млеко. Откако ќе се добие смеса за формирање, земаме малку од смесата и формираме топче со големина на пинг понг топче. Вртејќи го во рацете во правец нагоре формираме конус.

Хоплата ја изработуваме заедно со прехранбената боја и ја ставаме во слаткарски шприц. Со шприцот во правец одоздола-нагоре нанесуваме од смесата со хопла за да се покрие целата површина. Декорираме со украси по желба.

Оваа смеса може да се искористи и за обликување на останати фигури покрај елкички, како ѕвездички, мечиња, срценца и сл.