Со сестра ми сме многу приврзани, но веќе долг период живееме одвоено и се гледаме сè поретко … За празници скоро па никогаш не сме дома, а ни таа, па така кога ќе ме фати носталгија за сестра, помислувам на бурек. Не сум носталгичар по природа, ама за сестра се сум … Ако некој сака бурек, тоа е сестра ми. Кога и да дојде дома, прво оди во бурекџилница, а кога доаѓа некогаш да не посети, не ни прашувам што сака знам. БУРЕК. Always and forever …
Ова е мојата верзија на домашен бурек.
Потребни состојки:
500 гр. Мелено месо (говедско)
100 мл. Црвено вино
1 главица кромид
2 лажички бибер
1 прашок за печива
200 мл. Кисела вода
40 мл. Маслинови
Готови кори (тенки)
Вклучете ја рерната на 220 степени. Насечкајте го кромидот на ситно, јас го рендам и продинстајте го на маслиново масло. Додадете го месото, пропржете 5 мин и додадете ги биберот и виното. Промешувајте додека виното не испари, пропржете уште некоја мин и посолете.
Прашокот за печиво, киселата вода и маслиновото масло, промешајте ги заедно. Во тавче 24 цм. Ставате една кора, но да ви излегува надвор од тавчето од сите страни.
Попрскајте ја цела кора со мешавината. Потоа ставете 2 кора, една до друга стуткани и повторно попрскајте ги.
Ставете го филот и врз него ставете уште две кори една до друга стуткани и повторно попрскајте.
На крај со кората која виси нанадвор прекријте го бурекот и убаво испрскајте со смесата.
Печете околу половина час. Или додека не добиете златно кафена кора. Доколку сакате да е помрсно, откако ќе се испече, превртете го и измачкајте со маслиново или путер.
Bon appetit.
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ