РЕЦЕПТ ОД САЊА ДОЛЕЖАЛ: Свинско филе со вино

Добивај вести на Viber

Потребни состојки:
  • Едно свинско филе
  • Два децилитри бело вино
  • 4-5 главици лук
  • Маслиново масло
  • Магдонос, сол, оригано, бибер, пасиран домат и вода
Подготовка:   Свинското филе го ставаме на жешко масло и малку го пропржуваме. Откако ќе го испржите од двете страни, додадете му оригано, исечкан лук, и на крајот, една чаша бело вино. Сакам да готвам со вино. Додека месото се готви на тивок оган, сварете го оризот. Старите велат дека на количеството на ориз кое ќе го сварите, треба да додадете двојно повеќе вода. На крајот, на свинското филе, додадете му пасиран домат, магдонос и сол, која јас обично ја ставам на крајот. Која оризот ќе се свари и доматот малку ќе се испржи со месото, ручекот е готов.