,

РЕЦЕПТ: Палачинки-Perfect breakfast

Добивај вести на Viber

Постојат безброј рецепти за американски палачинки но мене овој ми е совршен. Честопати појадуваме палачинки со различни додатоци. И денес ни беа на мени заедно со овошје и малку мед. За совршени палачинки потребно ви е: 200 гр. Цело -зрно брашно (точно измерено) 300 мл. Млеко по желба (точно измерено) 1 Прашак за печиво 2 јајца 30 гр. Путер Прстофат сол 1 Ванила стапче *ванила стапче, разни видови на брашно и многу ама баш многу зачини имате на пазарчето Буњаковец кај еден чичко кај цвеќињата. Најубавата тезга. Доколку имате добар блендер слободно сите состојки ставете ги внатре и убаво изблендирајте со тоа што ако сакате повоздушести палачинки белките ќе ги изматите посебно да добиете цврста пена и на крај ќе ја додадете во смесата. Доколку сакате потенки палачинки тогаш се изматете заедно. Оваа смеса може и рачно да се измати прво помешајте ги сувите состојки потоа додадете ги јајцата и на крај млекото и путерот. Тавчето премачкајте го со малку кокосово масло за готвење и печете. Откако ќе се појават меурчиња низ целата палачинка свртете ја уште 1 мин. Од оваа смеса ми излегуваат 16 палачинки во тавче 12см. Сервирајте со мед и овошје. Bon appetit За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ