Животна училница // Приказни
РОДОВА (НЕ)ЕДНАКВОСТ ВО ПОЛИТИКАТА
Комплетно и рамноправно учество на жените во сите сфери на политичкиот процес е значајно за секоја демократија. Рамноправноста меѓу жените и мажите е едно од основните права и слободи во уставниот систем на земјава. Сепак, ова поубаво звучи, од тоа што реално изгледа.
Македонија сè уште е заглавена со стереотипите, ако ја анализираме родовата еднаквост во земјава. Стратегијата за родова еднаквост од 2013, учеството на жените во политиката го оценува како главна цел. Учеството на жените на лидерски позиции на национално и локално ниво е важен фокус за глобален развој на политиката. Законската рамка сугерира минимална квота од 40% на жени на листите за парламентарните и локалните избори. Но, оваа бројка на т.н втор пол, тешко се остварува.
„Микро сликата наречена–кандидатури за локални избори е само рефлексија на она што реалност во целото општество – страв од успешни жени. Но, освен пополнувањето „дупки“ во обврзувачката законска бројка, она што е вистинската болка на македонското заболено општество е тоа што учеството на луѓе во политиката се гледа врз призмата на родова, етничка, партиска застапеност, а не по правилото - избор на професионалци и луѓе способни да работат или пак да не работат некоја работа најдобро што можат“ - смета новинарката на телевизија 24 Душица Мрѓа.
Статистичките показатели од неодамна, укажуваат на нееднаквост во многу полиња. На пример, иако 57% со докторат се жени, само 38% од наставниците кои се вработени со високо образование, се жени. На пазарот на труд лесно се забележува небалансираната родова еднаквост. Ова особено е воочливо во руралните области.
Жените се недоволно застапени и во области од јавни мислење и медиуми. Во медиумите, учеството на мажите е застапено со 71,8%, наспроти 28,2% жени.
„Бројката на жени кандидати за градоначалнички, не само што не е оправдана, туку е и крајно дискриминациска и демотивирачка. Всушност, го изразува стравот на мажите во нашето општество, дека жена може да води. Истовремено и ароганцијата дека припадничката на „послабиот“ пол не може да биде подобра од претставникот на „посилниот“. Ние навистина не сме имале ситуација жена да не води, ниту во главниот град, па ни во поголемите градови, ниту како избран премиер или претседател на државата. Она што мене ме запрепастува е дека на толку активни жени во политичките партии, тие сè уште како да чекаат мажите да ги пофалат, охрабрат, и да им ја дадат шансата. Жените, меѓусебе треба да го изградат системот на поддршка, на создавање вредности и влијание и на младите генерации девојки и девојчиња да им покажат што се е можно“ - вели Ели Пешева, директор на комуникации во маркетинг агенцијата Њу Момент.
Според статистиката од јануари 2017, жените на министерски позиции се застапени со 52% во Бугарија и Франција, Словенија е со 50%. Во регионот, ако ја исклучиме Бугарија, оваа броја е:
- Србија со 26%
- БиХ со 22%
- Хрватска и Црна Гора со 20%
- општеството во Македонија не поддржува жени во политика, - ж 11.2% м. 10.6%
- Мажите доминираат во политичките партии и не ја даваат моќта. - ж 39.8% м. 30.8%
- Жените не се заинтересирани, нема кандидатки. Жените се помалку амбициозни, не сакаат да преземат одговорност. - ж 21.7% м. 42.1%
- Индивидуалните: баланс на приватни и професионални обврски, недостаток на самодоверба, губење на мотивација заради неможност од промени, склучување на зделки во кафеани
- Законодавни и институционални: предвидена е квота единствено за законодавна власт, процедури и практики на политички партии итн.
- Социо-културни - стереотипи, медиуми
- Политичките партии ги попречуваат и дискриминираат жените (на мажите им даваат шанса, а жените мора да се докажат пред да добијат шанса, рак. функција на возраст од 31 г. за мажи, а 38 или 45 за жени