,

САКАТЕ ЕНЕРГИЈА ЦЕЛ ДЕН: Испијте го овој напиток

Смутито е напиток во кој можете да ставите разни видови на овошје и зеленчук, а истиот да остане вкусен. Веќе е познато дека овој пијалок го забрзува метаболизмот, но исто така го поттикнува и разградувањето на масните клетки. Тој е хранлив и освежувачки, а истиот може да биде одличен сојузник во губење на вишокот килограми. Потребни состојки: • ½ шолја незасладено бадемово млеко • половина замрзната банана • ½ шолја замрзнати цреши (вишна или некое црвено овошје) • 1 лажичка какао во прав Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте. По потреба, додадете бадемово млеко за да ја добиете посакуваната густина. Ваквото смути е совршен напиток за секој дел од денот, а за негова припрема можете да користите намирници кои најмногу ви одговараат.