Сашко Коцев стана татко, Смиљана мајка!

Нашиот познат актер Сашко Коцев и неговата сопруга Смиљана денеска добија бебе. Со тоа е крунисана долгогодишната љубов на овој познат македонски пар. Тие денеска станаа родители, откако Смиљана се породи во една од скопските болници. Сашко ја побара Смиљана за жена пред неколку години на Златна Бубамара на популарноста, кога пред телевизиските камери направи вистинска мала претстава. Таа рече ДА, а сега нивното семејство е збогатено за уште еден член. Нека им е честито!