На 21 октомври во Сао Пауло, на најголемиот фестивал во Латинска Америка ќе биде прикажан филмот „Бикини Мун“. Ова е светска промоција на петтиот игран филм Милчо Манчевски. Тој ќе биде присутен за разговор со бразилската публика и за дискусија за моралноста и документарниот филм.
Куриозитет е дека за првпат играат два филма од ист автор на еден фестивал – светска премиера на „Бикини Мун“ и бразилска премиера на кусиот експериментален „Крајот на времето“.
Манчевски е популарен во Бразил уште од „Пред дождот“, освои награда токму во Сао Пауло и беше филм на годината и во оваа и во други земји во Латинска Америка. Во Сао Пауло јужноамериканска премиера имале и сите филмови на Манчевски, а на универзитетите во Бразил и Латинска Америка тие се дел од наставната програма.
Бикини Мун“ е снимен во Њујорк, и е копродукција меѓу САД, Германија и Канада.
Ова е првиот филм на Манчевски во кој не е вклучена Македонија.
https://vimeo.com/233893310/dc560c7b10