Нанесувањето на вештачки трепки е одамна тренд кој е присутен кај нас. Покрај тоа што се незаменлив дел и од професионалната шминка, дамите се почесто ги користат и во нивната секојдневна употреба. Факт е дека го менуваат целокупниот израз на лицето, и често ја намалува употребата на шминка, вештачките трепки се нешто што никогаш нема да излезе од мода. Оваа година на македонскиот пазар, трендот ,,свилени трепки“ зазеде доста голем замав низ салоните ширум Македонија, каде покрај одличните резултати, бројката на задоволна клиентела се повеќе расте.
Денес, зборуваме со Маја Балова која е дипломиран кинезитерапевт и козметиколог при Југозападниот Универзитет ,,Неофит Рилски“ во Благоевград и сопственичка на козметичкото студио ,, Spa Harmony“ - Штип, но и резидент козметичар во познатото козметичко студио „Miss En“ - Скопје.
Секогаш насмеана и расположена за добар муабет, Маја е девојка која важи за вистински професионалец и мастер во воведувањето на новите козметички трендови кај нас.
Женски Магазин - Трендот на свилени трепки сега веќе присутен и кај нас. Од каде потекнува овој тренд на свилени трепки?
Маја- Да, свилените трепки се веќе доста популарен тренд во соседните држави, иако кај нас пристигнаа малку покасно, можам да кажам дека оваа година заземаа голем замав низ салоните ширум Македонија. Овој тренд ни доаѓа од Америка, која важи за гигант во областа на козметиката.
Женски Магазин - Вештачките трепки се дел од секојдневната шминка на една млада девојка. Го разубавуваат лицето, но и даваат поинаков израз. Велат дека со надградбата на трепки шминка и да не ви е потребна. Која е разликата помеѓу обичните вештачки трепки, и свилените?
Маја- Се согласувам дека вештачките трепки веќе станаа дел од секојдневната шминка на една млада девојка, но разликата помеѓу обичните вештачки трепки и свилените е сепак доста голема. Вештачките трепки знаат да бидат незгодни за носење, понекогаш и да пречат, додека свилените се тенки 0,007 мм и воопшто не чувствувате дека ги носите.
Женски Магазин -Колку имаат рок на траење ваквиот вид на трепки по нивното нанесување?
Маја- По нивното нанесување, сепак главно зависи од самата девојка што ги носи, и колку таа се грижи за нив пред сѐ, како и од цврстината на влакното. Трајноста им е од 2 месеци па се до 3-4 месеци, но кај секого е различно. По два месеци, пожелно и потребно е да се коригираат.
Женски Магазин - Колку македонските дами веруваат и сакаат да експериментираат во однос на светските трендови?
Маја- Од досегашното искуство, можам да кажам дека сум задоволна во однос на сите новитети што се нудат на козметичкиот пазар, заинтересирани се да пробаат и ги пратат трендовите ширум светот.
Женски Магазин - Раскажете ни накратко за процесот на нанесување на свилени трепки, колку трае овој третман?
Маја- Овој третман е едноставен, дамите треба да се без шминка, каде прво се нанесува прајмер кој ги обезмастува трепките, и потоа со помош на две пинцети се лепи едно по едно влакно. Свилените трепки се всушност надградба на природното влакно со што се добива на густина и должина, но во однос на желбата на клиентката, свилените трепки се во најразлични должини и со различна дебелина.
Женски Магазин- Колку се задоволни македонските дами од овој третман?
Маја- Одзивот е доста голем, а коментарите се позитивни. Постојаното закажување ни е само еден од многуте показатели дека навистина е добро прифатен овој тренд кај нас.
Женски Магазин - Каде можат идните козметичари и заинтересирани да посетат обука за овој третман, и колку чини?
Маја- За жал моментално обука има само во соседните држави како што се Бугарија и Србија, но добрата вест е дека наскоро ќе има обуки и кај нас.
Женски Магазин - При надградбата на трепки, дали постојат несакани последици при нивното отстранување, и доколку има кои се тие?
Маја- Во овој процес, нормално е да се случи да испадне некое влакно, но се регенерира многу брзо за десетина дена, и доколку не би биле добри и квалитетни не би се нуделе на пазарот.
Женски Магазин - Каде би можеле да ве најдат сите заинтересирани?
Маја- Сите заинтересирани би можеле да не посетат во веќе добро познатиот скопски салон Мис Ен кој се наоѓа зад Универзална Сала, и во Штип во Спа Хармони салонот, кој се наоѓа во Старата Чаршија на вториот кат
Женски Магазин - Што би им препорачале на нашите дами?
Маја-Топло им препорачувам да го пробаат овој третман и да заборават на нанесувањето на маскара затоа што со свилените трепки маскара воопшто не ви е потребно, каде воедно и ќе заштедите од вашето време одвоено за шминка.
За Женски Магазин, Нина Беадер
Fb strana : https://www.facebo ok.com/BeaderHristina/
Web Strana : https://ninabeader.wixsite.c om/styleinmotion