Моден фокус // Трендови
Со Дениција, Ирина Тошева го затвори 16 Моден Викенд
Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.
Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.
Со моќните стихови како инспирација, Ирина Тошева со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk. го заокружи шеснаесеттиот Моден викенд Скопје кој под мотото #Stopthetraffik заврши синоќа во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“.
Од љубовта кон жената до родољубието, цел спектар на емоции се преточени во креациите на Ирина, оставајќи им можност на модните вљубеници самите да ја препознаат својата љубов меѓу нив.