, ,

Со помош на овие чаеви ќе успеете да ослабнете

Постојат повеќе чаеви кои можат да ви помогнат во борбата со вишокот килограми.

Зелен чај – комбинацијата од антиоксиданси и кофеин го поттикнува метаболизмот, а со тоа побрзо ќе ги согорувате калориите.

Црн чај – ја спречува апсорпцијата на мастите.

Бел чај – содржи антиоксиданси што помагаат во разградување на масните клетки и го спречуваат акумулирањето на масно ткиво

Чај од нане – силната арома на чајот го убива чувството на глад.

Чај од ѓумбир – го намалува гладот и дава чувство на ситост подолго време. Најдобро е чајот да го пиете наутро.

Чај од анасон – ви помага да слабеете додека спиете. Чајот од анасон го зголемува нивото на мелатонин во телото, хормон што помага цврсто да заспиете, а цврстиот сон е важен во борбата против вишокот килограми бидејќи на телото му е потребен одмор за да може правилно да функционира и да троши калории.

Чај од камилица – не содржи кофеин, што значи дека може да го пиете навечер кога нивото на стрес обично е највисоко и тогаш посегнуваме по благо и грицки.