„Среќна Нова година“ во Турскиот театар вечерва

Добивај вести на Viber

„Среќна Нова година“ во режија на Бојан Трифуновски е новата претстава на Турскиот театар, која премиерно ќе се изведе во 20 часот, во Театар Комедија. Претставата е мјузикл- кабаре, работена по мотиви на Данил Хармс и Дејвид Ајвс, и драматизација на Трифуновски. Во „Среќна нова година“ играат актерите Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Зубејде Али, Емине Халил, Селпин Керим, Џенап Самет, Неат Али, Аксел Мехмет, Един Јакуповиќ и Берхеда Решит. Сценографијата е дело на Љупчо Јованов, за костимографијата биле задолжени Елена Вангеловска и Антонија Гугинска Јордановска, кореографијата ја потпишува Александра Кочовска Начева, а автор на оригиналната музика  во претставата е Ади Имери.