Те сакам, иако никогаш нема да бидеш мој

Се сеќаваш ли кога ти кажав по толку години дека си единствениот? Отсекогаш си бил. И навистина го мислев тоа. Го мислев кога ти реков дека ми значиш многу, кога ти кажав дека ти си посебен ,кога ти реков дека си ми го сменил животот на начин кој што не го очекував. Никогаш не ти кажав точно. Не ти реков што точно стои зад тие зборови. Не ги кажав зборовите кои ги заслужи да ги слушнеш.

Но, сега ќе го кажам само еднаш: Те сакам.

Јас не исчезнав од твојот живот, бидејќи мислев дека не вредиш за ризик. Јас не застанав, бидејќи повеќе немаше значење за мене. Јас не замолчев затоа што не те сакам. Се повлеков за да ти го дадам она што го заслужуваш - слободата да бидеш среќен, да одбереш со кого сакаш да бидеш, да го живееш својот живот онака како што сакаш. Те сакам толку многу што си ветив дека ќе те оставам за да бидеш среќен и ќе ја одбереам твојата среќа пред мојата. Те сакам толку многу, што страдав молчаливо до степен ништо друго да не постои за мене. Те сакам толку многу што те ослободувам од себе си и од мојата љубов. 

Боли, но вреди

Секој ден, во кој ми недостасуваш - ти, твојата насмевка која го растреперува моето срце, начинот на кој ги претвораш лошите денови во добри - знам дека сум постапила правилно. Не би ја заменила за ништо среќата што ја чувствувам кога се смееш од срце и кога постигнуваш цели во животот, бидејќи знам колку труд и напор си вложил. Но кога луѓето те напаѓаат и повредуваат кога зборуваат за тебе, мислиш тие те познаваат вистински - тоа полека ме убива. Тогаш чувствувам дека нема да те заменам за некој друг. Ти не го заслужуваш тој став. Дури и кога изгледа дека не те загрижува, знам дека остава лузни внатре во тебе. Тоа го сакам најмногу кај тебе - што ме научи како да сум храбра и да ги добијам битките, што значи да сум несебична, како да ги вреднувам нештата, дури и кога работите не се развиваат според планот. И секој ден му благодарам тивко во моите молитви на Бога за тебе. Знам дека тој ме сретна со тебе - не затоа што е напишано да бидеме заедно, туку за ме научиш што е несебична љубов. Тој ме тестира колку можам да стигнам далеку за тебе. Тој го испитува моето трпение и мојата издржливост за болката да не бидам сакана од некој што го сакам толку долго. Дали некогаш си се почудил зошто никогаш не побарав од тебе да се обидеме да бидеме заедно, да ме сакаш, зошто само земав малку што можеш да ми понудиш без да кажеш збор? Затоа што сакам да бидеш среќен, дури и ако не си со мене. И она што можеш да ми го дадеш е повеќе од доволно. Сега само си дозволувам да те сакам премногу се додека моето срце не се откачи и се откаже. Но, едно е сигурно - без оглед каде ќе бидам и кого ќе сретнам во мојот живот, дел од мене секогаш ќе ти припаѓа, драги мој. Секогаш.