Животна училница // Семеен Албум
Третина од паровите се караат околу овие работи во домаќинството – а вие?
Понекогаш двојките губат многу енергија на расправии околу работи кои всушност не би требало толку да го оптоваруваат нивното внимание. Една од нив е и владеење над термостатот.
Да се запали или не греењето, на која температура и кога, ова е тема околу која се караат третина од паровите во љубовните врски, покажало неодамнешно истражување направено во Велика Британија.
Студијата чиј покровител била фирма за инсталирање и одржување на котли и термостати „Corgi Homeplan“ открила дека четири од десет жени ја промениле температурата на греење, без да знае партнерот. Признале дека тоа го прават за да избегнат расправија и приговори.
На жените им е почесто ладно отколку на мажите, а во прилог на тоа оди и студијата на холандски научници од 2015 година. Таа покажала дека на жените им е комотно на температура помеѓу 24 и 25 степени Целзиусови – 2,5 степени повеќе отколку на мажите.
Посилно чувство на студ кај жената придонесува и хормонот естроген. Поради него крвта благо опаѓа па е намален протокот на крв низ капиларите до прстите и нозете. Истражувањата, исто така, покажале дека на жените им е често ладно кога овулираат – нивото на естроген тогаш е повисоко од обично.
И метаболизмот на телото има клучна улога во чувството на студ. Жените имаат побавен метаболизам од мажите. Имено, поголема мускулна маса придонесува за побрза работа на метаболизмот во мирување и циркулација на крв низ телото, а тоа е чест случај кај мажите.