,

Трикови за совршено покривање на подочници

Добивај вести на Viber

Подочниците се дел од нашиот секојдневен живот и можат на влијаат на физичкиот изглед. Доколку го имате овој проблем, еве неколку совети како да го решите. Една чаша вино може да биде корисна за вашето здравје, но консумирање на поголема количина на алкохол може да предизвика дехидрација. Тоа придонесува за појава на подочници. Затоа пред спиење испијте една чаша вода. Избегнувајте сол Водата се собира во делови од телото каде што има повеќе натриум, затоа ако навечер јадете нешто солено, наутро околу очите ќе имате мали отоци. Користите ладни облоги Отечените очи може да ги смирите со ладна облога. Може да користите свежи краставици, ладна лажица или ладни кесички чај. Отстранете ја шминката Никогаш немојте да спиете со шминка, бидејќи тоа може да предизвика печење на очите и појава на подочници. Престанете да пушите Пушењето ја суши кожата и може да предизвика брчки во областа околу очите. Променете ја положбата на спиење Спиете на страна или на стомак? Гравитацијата предизвикува акумулација на течности под очите, па обидете се да спиете на грб и подигнете ја главата со помош на мали перничиња. Користете крем за лице Нанесете го на лицето, особено околу пределот кај окото. Користете коректор Ако имате темни подочниците, прекријте ги со коректор