,

Три ефикасни начини како да ја продолжите трајноста на маникирот

Добивај вести на Viber

Маникирот прави рацете на секоја девојка да изгледаат поубави и поатрактивни. Меѓутоа без разлика колку сте се трудиле што поубаво да ги налакирате ноктите, маникирот не трае долго. По неколку дена потребно е повторно да ги средите ноктите доколку сакате вашиот маникир да биде перфектен. Овој процес понекогаш е многу фрустрирачки и бара дополнително време. За да ви трае подолго маникирот, мајсторите на овој дамски процес советуваат да се придржувате до овие правила. Припрема на нокти За да изгледа совршено маникирот максимално две недели, потребно е да користите турпија со која лесно ќе го отстраните горниот слој на ноктовата плоча. Не грижете се оваа процедура нема да му штети на нокотот, но ќе го подобри „спојувањето“ на лакот и ноктите. Посебно внимание посветете им на врвовите, каде лакот прво се оштетува. Правилно лакирање на нокти Запамтете дека лакот најчесто се оштетува на врвовите на прстите, па обрнете посебно внимание на ова подрачје. Лакот мора да се примени, почнувајќи од кожичката, полека до врвовите. За рамномерно нанесување на лак, потребно е 10 секунди за секој нокт. Грижа за кутикулите За да изгледаат вашите нокти убаво мора да се посветите и на кожичката во коренот на ноктот-кутикулите. Тоа е кожичка која го штити коренот на ноктот така што спречува бактериите и габичките од површината на ноктот кои достгаат до него. Намачкајте ја кожата околу нокотот со специјални масла кои ќе ја омекнат. Ако кожичката многу брзо се развива, помеѓу процедурата на маникир, може внимателно да се отстрани со помош на специјален производ на овошни киселини. Со константна употреба, кожичката почнува да расте побавно.