Убавицата од Барбадос е бремена?

Добивај вести на Viber

Топ тема во светските медиуми е пејачката Ријана. Токму оваа засега непотврдена вест од самата Ријана, во јавноста ја разбрануваа нејзините пријатели и обожаватели. „Нејзините пријатели велат дека таа можеби е бремена“, пишуваат светските медиуми. Потенцијален татко е нејзиното сегашно момче Хасан Џамил (29). Ријана со милијардерот е од минатото лето, а Џамил е познат по врската со манекенката Наоми Кембел. „Тие се многу заљубени“, тврди еден пријател на Ријана кој вели дека таа секогаш сакала семејство, а ова можеби е благословот што го чекала. „Ријана секогаш велеше дека сака семејство. Ова може да биде благослов што го чекаше“. Во последно време можеме да ја забележиме елегантната пополнетост на убавицата од Барбадос, а дали е во блажена состојба допрва ќе чекаме таа да се огласи.