Животна училница // Приказни
Формирано посебно тело за родова рамноправност
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, присуствуваше на Конститутивната седница на Интерресорската советодавно-консултативна група за еднакви можности на жените и мажите.
– Рековме и еве веќе воспоставуваме посебно тело за родова рамноправност, кое ќе се грижи за имплементација на родовите перспективи во креирањето на политиките и буџетите. Тоа ќе го направите вие денеска, благодарам за брзата реакција и ви пожелувам успешна работа, рече премиерот Зоран Заев.
Тој порача дека родовата еднаквост е законска обврска на владата и обврска на Агендата за одржлив развој до 2030 година.
Тој информираше дека Владата ќе предложи ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство од 2011 година (Истанбулска конвенција).
Ова тело се формира со цел да се даде значење на решавањето на ова важно прашање и во нашата држава, а во него ќе членуваат претставници од министерствата, од државните институции, социјални партнери на МТСП, од граѓанските организации, експерти.