Трендови,
Трендови
(ФОТО) БАРЕТКАТА Е МОДЕН ДОДАТОК НА ГОДИНАТА: Изгледајте како вистинска Французинка!
Прво ја забележавме на есенската модна ревија на Диор, на која моделите шетаа низ сцената со кожни баретки на глава.
Но, Диор секако не беше единствен – Гучи и Армани, сè уште две реномирани модни куќи кои помогнаа да се дефинира еден од најбараните модни трендови за оваа сезона.
Дека трендот навистина се „фатил“, ни докажува и Инстаграм и изобилството фотографии на познати блогерки. А пред нив, во вакви шармантни капи уживаа по ред легендите: Марлен Дитрих, Одри Хепберн, Феј Данавеј, па дури и принцезата Дајана.
Убавината на баретките е што може да се носат на повеќе начини, повлечена напред, повлечена на страна или едноставно преку цела глава.
Баретката најчесто ја поврзуваме со француската мода, па така и трендсетерките овие денови маршираат низ улиците на модните метрополи во своите баретки, истакнувајќи дека се чувствуваат баш како Парижанка.
На кои се начини ги носат проверете во продолжение …
https://www.instagram.com/p/BZxzQm7HwMm/
https://www.instagram.com/p/BZiXEUPhB-X/
https://www.instagram.com/p/BZZ6LRDlWO2/
https://www.instagram.com/p/BZWaA4BB-AV/
https://www.instagram.com/p/BX_n8gnj26m/
https://www.instagram.com/p/BXTIwHuB1PO/
https://www.instagram.com/p/BZOx0loF-wI/