Трендови,
Трендови
(ФОТО) Блу Ајви пак го украде шоуто: Со стајлингот и однесувањето ја засени мама Бијонсе!
Бијонсе и нејзината преслатка ќеркичка Блу Ајви, повторно го украдоа шоуто овој пат на NBA All-Star минатиот викенд Elle.
Освен што двете повторно носеа најгенијални модни парчиња, луѓето ги забавуваа со фотографирање на заеднички селфиња, а на натпреварот со нив беа и мајката на Бијонсе Тина Ноулс Лосон и нејзиниот сопруг актерот Ричард Лосон .
Бијонсе, од оние генијални парчиња спомнати на почетокот, носеше проѕирни Џанвито Роси чизмички, преслаток Карл Лагерфилд ранец со мачкини уши, Џакмус жолта асиметрична сукња и супер популарни Џентил Монст наочари, додека малата Ајви уште еднаш докажа дека е најшик девојче на светот со својата Луј Витон ташна. И да, токму таа ташна чини 1 820 долари, односно и малку ни се врти од читањето на оваа цифра.
Ако ова не е доволно генијално, тогаш можеби се сеќавате на оној прекрасен момент на доделувањето на наградите Греми минатиот месец, кога малата Блу Ајви категорично ги замолче мама и тато сугерирајќи им да престанат да аплаудираат па тој момент веднаш стана забавен гив. И ни изгледа дека знаеме кој е нова кралица...