,

(ФОТО) ДОКАЗ ДЕКА ЦРНАТА БОЈА Е НЕПОГРЕШЛИВ ИЗБОР: Креации во кои на БАФТА блескаа холивудските дами

Добивај вести на Viber

Доделувањето на БАФТА наградите традиционално е вовед во доделувањето на Оскарите кое обично се одржува кон крајот на февруари, но поради Олимписките игри оваа година ќе се одржи на 4 март. БАФТА секогаш предизвикува интерес кај модните експерти кои со радост ја исчекуваат модната галерија и изданија на најголемите филмски и ТВ ѕвезди. Оваа година славните актерки го следеа дрес кодот на Златните глобуси и со изборот на црни фустани покажаа поддршка за иницијативата „Time's Up“. Иако во пресрет на оваа сезона на доделуавњето на наградите се расправаше за тоа како ова правило на обелкување ќе влијае на интересот на црвениот тепих, БАФТА уште еднаш покажа дека и неутралните црни фустани може да понудат модна разновидност. Фантазијата на дизајнерите при изработка на креациите се покажа во кројот, изборот на материјали и текстура на фустаните, па така имавме прилика да видиме низа сјајни модели, кои, спротивно на очекувањата, не се „изгубија“ во толпата. Дури, славните дами докажаа дека црниот фустан и понатаму е непобедлив избор за свечени прилики. Погледнете кои дами крадеа најмногу внимание на свеченото доделување на БАФТА наградите.