Трендови,
Трендови
(ФОТО) Еднобојни фустани и стилови без вкус го обележаа црвениот килим во Палм Спрингс
Ѕвезди се собраа на почетокот на годината на галата на филмскиот фестивал Палм Спрингс. Но, тоалетите не беа ништо посебно.
Дамите избрале главно еднобојни фустани, а најимпресивна беше Гал Гадот со асиметрично деколте на жолтиот фустан кој ја истакнуваше нејзината витка фигура.
Салма Хајек избрала зелен фустан, во кој изгледаше како филмска принцеза на Дизни. Со голи раменици и корсет, фустанот беше поделен со контрастна панделка во половината, а се спушташе надолу во плетенка.
Холи Хантер беше во стилски бел фустан .
Дури и црните вечерни наметки, исто така, беа многу популарни, што го докажува токму изборот на комбинезони на Џесика Частен и Елизабет Чемберс.
Пејачката Мери Џеј Блајџ беше во чипка фустан со буфан ракав и затворено деколте со панделка.
Највпечатлива, сепак, се покажа познатата Сузан Сомерс од серијата „Чекор по чекор“, која носеше многу краток сјаен фустан со тигар принт.
Дамите на фестивалот, исто така, зазедоа своја јавна положба, обрнувајќи внимание на скандалот со сексуално вознемирување што го потресе Холивуд.
„Јас сум една од оние жени. Да ви кажам, не ми се зборува за тоа и не сум го правела, но сум солидарна со останатите. Сакам да ги заштитам“ - рече пејачката Мери Џеј Блајџ.
„Мислам дека се чувствува моќ и таа може да се почувствува, кога луѓето ќе влезат во формација, кога ќе се заедно и кога ќе дејствуваат како еден“, рече Холи Хантер.