,

(ФОТО) На убавата Кејт Мидлтон тешко и се наоѓа маана во креациите кои ги носи

Добивај вести на Viber

Откако се спласна бурата околу изборот на облека во која секогаш беспрекорно дотераната Кејт Мидлтон се појави на доделувањето на наградите БАФТА, војвотката од Кембриџ воодушеви во интересна цветна креација која ја потпишува еден од нејзините најдраги дизајнери, турско-англискиот креатор Ердем Моралиоглу. На модниот настан Commonwealth Fashion Exchange во Бакингамската палата убавата трудница, која ќе роди во април, беше меѓу највпечатливите во прекрасна тоалета од црно-бела чипка која и стоеше како кроена. Кројот го нагласи бременото стомаче на Кејт, војвотката која и во третата бременост може да се пофали со завидна фигура.
Препознатливата фризура, која веќе го доби иемто коб, односно Кејтин  long bob, малку накит и дискретен мејк ап го заокружија овој женствен стајлинг на една од најомилените членки на кралското семејство.