(ФОТО) НА 69 ГОДИНИ ИМА ТУРБО МАНЕКЕНСКА КАРИЕРА: Кој е клучот на нејзиниот успех?

Добивај вести на Viber

На 69 години Маје Маск е манекенка и модел која ги руши табуата и границите во модната индустрија. Мајката на милијардерот и иноватор, Елон Маск е жена која има изградено свое име независно од мега популарниот син кој е сопственик на „Tesla“ и „Space X“. Ја почнала кариерата како модел на 15 години во Јужна Африка, но во седмата деценија од нејзиниот живот таа дожувува успех. „Во изминативе 50 години немав работено толку колку во 2017“- раскажува жената. Маје, која е баба на десет внуци, раскажува дека тоа што ја оставила косата природно да ѝ побели и не направила ништо да ги покрие седите влакна ѝ помогнало во кариерата. Но, за да изгледа добро, ги планира сите оброци и ужини.