Францускиот бренд Céline неодамна ја лансираше својата есенска колекција очила за сонце.
Брендот е фокусиран на едноставни и елегантни рамки за оваа сезона. Од четириаголни, па до авијатичарски или мачкести силуети, овие наочари му даваат одважност на секој изглед.
Можете да ги носите во елегантни ситуации, секојдневно до работа или во некои неформални прилики, главно-нема да останете незабележани.
Боите исто така ја одликуваат оваа колекција па можете да бирате бел, бронзен, црн или дури тигрест дезен. Важно е дека наочарите за сонце се квалитетни, дека имаат добро стакло и му одговараат на вашиот облик на лице.
Céline со новата колекција прави наочарите да ја утврдат позицијата како најпосакуван аксесоар на секоја личност.