,

(ФОТО) Нови трендови во модните метрополи

Добивај вести на Viber

За оние кои веќе се подготвуваат за сезонска промена на гардеробата, проверивме кои нови трендови ги предвидуваат светските модни престолнини. Убедени сме дека меѓу нив сите може да најдат нешто по свој вкус.   Беретки Беретките веќе долго не се резервирани само за Французинките. Нивната популарност постојано расте од година во година. Тие без сомнение доживеаа огромна популарност благодарение на модната куќа Диор, а потоа брендот Зара, кој ги промовираше овие капи во своја колекција. Неколку познати личности својата зимска гардероба ја збогатија со беретки и го споделија својт нов изглед на Инстаграм-а потоа станаа вистински хит. Слоевитост Зимата е идеално време да го следите модниот тренд-слоевитост. Со вистинска комбинација на боја и материјал, ќе изгледате многу тренди. Големи обетки Иако не се толку практични, големите обетки повторно се многу модерни - дури и како дел од секојдневниот стајлинг. Панталони звонарки Многу луѓе не веруваат во тоа, но панталоните со распламтени ногавици, типични за деведесетите години на минатиот век се повторно во тренд. Можеби ваквиот модел го имате заборавено во некој дел од ормарот.   Обувки со орнаменти Во модните метрополи ширум светот, чизмите и патики со бисери, апликации и разни орнаменти се повторно актуелни. Висок струк Без разлика дали е во прашање долго здолниште, фустан или широки панталони ...високите струкови се несомнително „ИН“.