,

(ФОТО) ПРВАТА ДАМА НА ФРАНЦИЈА НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ШОКИРА: И со модните комбинации им пркоси на правилата

Добивај вести на Viber

По официјалната посета на Тунис и Сенегал, првата дама на Франција, Брижит Макрон, се врати дома каде имала прилика да присуствува на свеченото отворање на изложбата на Бетин Рејмс.
Првата дама на Франција за таа прилика дошла во проверена модна комбинација сочинета од црни парчиња облека. На омилените кожни панталони им додала ролка и краток капут со впечатливи златни копчиња со потпис на модната куќа  „Balmain“. Како голема обожавателка на парчињата со потпис на модната куќа Луј Витон, ова издание го надополни со шал во пинк боја украсен со препознатливиот логотип на оваа француска модна куќа. Целата комбинација контроверзната дама ја зачини со чизми до глуждовите кои исто така се украсени со златни копчиња кои ги носеше неколку пати. Брижит Макрон не ги почитува правилата и многу често носи иста облека, а и без тоа првата дама на Франција често ги интригира модните комбинации кои дефинитивно не се конзервативни. Како ви се допаѓа оваа комбинација? Кажете ни во коментари.