Верувам дека добро се сеќавате на поговорката дека единствената човечка временска машина е всушност еден парфем. Без разлика за која нота станува, флорална или овошна, мирисот на парфемот може да не врати на истото место во исто време во милисекунда, будејќи ги сите наши мемоари запишани и врежани од тоа време. Парфемот е вашата порака и мирислив слоган, а често ни се случува и по нечиј парфем да насетиме нечие присуство.
Пролетта е скоро на прагот, а големите светски модни имиња секогаш не освојуваат со нивните креации но и модни ноти. Пролетните трендови на парфеми не би биле впечатливи и опојни доколку во нивниот состав не преовладува цветната палета како главен акцент и адут на секој парфем.
За вас ги одвоивме моменталните фаворити за оваа пролет.
1.Gucci Bloom – класично, застрашувачки убав, примамлив но и резервиран и софистициран, е описот на овој парфем.
2.Mugler Aura – последното издание на Aura, главен акцент е ставен на женственоста и пасијата. Силниот statement мирис е одличен избор доколку би сакале вашето присуство да биде забележано на некој голем градски настан, и по нанесувањето на овој парфем, очекувајте да Ви биде поставено прашањето: Кој парфем го носите?
3.My Burberry – Со цел да го „зароби“ мирисот на Лондон по дождот во едно шишенце парфем, овој мирис веќе долго време е миленик на дамите ширум светот. Едноставен, а моќен.
4.Tom Ford Vanille Fatale – Доколку ја замислувате и барате идеалната мирисна нота за Денот на Вљубените, Tom Ford е вистинскиот избор. Мешавината на ванила од далечниот Мадагаскар и махагонија го прават овој доста секси.
5. Tiffany Eau de Parfum – Луксуз спакуван во шишенце. Цитрусниот мирис ќе ве потсети на стариот добар Холивудски гламур. Веќе ја замислуваме модната икона Одри Хепберн како нанесува неколку капки од овој парфем пред да замине на својот омилен појадок кај Тифани.
6.Victoria’s Secret Bombshell- Не мора да бидете дел од Ангелите на Victoria’s Secret за да се чувствувате секси и самоуверено. Овој парфем кој во себе содржи флорални ноти и ванила ќе го направи токму тоа. Самодоверба спакувана во препознатливото розево шишенце на Victoria’s Secret.
7. Daisy Marc Jacobs Kiss Edition – Старомоден романтизам спакуван во романтичното шишенце на Jacobs. Новиот мирис е експлозија од флорални ноти, нектар од праска, бел божур, роза, и кремаст кедар. Непогрешлив мирисен избор.
8.Gucci Bamboo – Ако Gucci Guilty беше парфем што заведува, овој парфем го има главниот и последниот збор во салата за состаноци. Шумовитите и цветни ноти се вклопуваат одлично во комбинацијата со Казабланка кринот, Тахитската ванила и сандаловото дрво.
9.Escada Fiesta Carioca – Кога ќе се спомене Escada секогаш на нешто весело и разиграно. Мешавина на островски ароми во комбинација со овошни ноти ќе ви го разигра срцето и ќе ве одведе на некое егзотично патување во истата секунда.
10. Chloe Love Story Eau Sensuelle – Оваа година, фаворитот на Chloe во својата мирисна нота додава и мирис од портокал.
За Женски Магазин, Нина Беадер
Fb strana : https://www.facebo ok.com/BeaderHristina/
Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com/