Доколку машните и други слични детали за коса не се во ваш стил-целосно ве разбираме. Не сме сите исти, како ни модните вкусови, што прави големи разлики во изборот и испробувањето на трендови. Оваа зимска сезона ни дојдоа неколку нови типови на акцесоари, кои веќе сега имаат голема популарност. Доколку сте подготвени да направите уште еден чекор напред, погледнете кои акцесоари ќе се носат оваа, но и во текот на наредните сезони.
Детаљ за опавчето
Овој детаљ го забележавме на фризурата на актерката Џесика Бил и признаваме дека изгледа одлично.
Бисери
Софистициран изглед можете да добието лесно со помош на бисери во коса.
Гломазни гумички
Саканиот акцесоар на деведесетите се врати на големата врата, а оваа година ќе ја краси косата на многу дами.
Детали од метал
Кога не знаете на кој начин да ја украсите косата, доволно е да изберете некој предмет од метал.
Интересни шноли
Наместо класични црни, украсете ја косата со шноли во различни бои. Најдобро ќе одат оние со металик и сјаен финиш кои било која фризура ќе ја направат гламурозна.