,

(ФОТО) Тренд на сезоната: Белата боја никогаш не била поелегантна!

Добивај вести на Viber

Црна е бојата која најчесто се носи во текот на зимата. Неа ја спојуваме со останати неутрални нијанси како беж, сива, па маслинесто зелена но и со оние силни бои кога сакаме малку поинаков ефект. Белата боја досега ја носевме, претежно во лето. Белата, како и црната зрачи со елеганција, и поради тоа сакаме парчиња во оваа боја да носиме и надвор од летните месеци. Големи плетива, капути, сукњи, фармерки, изгледаат сјајно и чисто во оваа боја, а да не споменуваме колку е лесно да се комбинираат со сите оние парчиња кои веќе ги имате во својот плакар. Без разлика дали барате инспирација за деловна комбинација или некоја полежерна, како и за нешто покласично и гламурозно, ви донесуваме идеи низ фотографии на омилените Инста девојки … Сигурни сме дека ќе најдете некое парче оваа зима во бела боја, и дека ќе го носите на некој од овие шик начини. https://www.instagram.com/p/BHcAArQBmyi/ https://www.instagram.com/p/BFG7A7hi57G/ https://www.instagram.com/p/BE_B5-6TWHC/ https://www.instagram.com/p/BE_B5-6TWHC/ https://www.instagram.com/p/BNkaf_EhFrc/ https://www.instagram.com/p/BY_j4UvHhQ2/ https://www.instagram.com/p/BZ4aNpdjspj/ https://www.instagram.com/p/BY8wwbPn4i6/ https://www.instagram.com/p/BZbkclujM9d/