,

Холивуд во дилема: „Ајде едноставно да ги откажеме доделувањата на Оскарите“

Добивај вести на Viber

Холивуд е во дилема што ќе биде со наредното доделување на Оскарите. Ако церемонијата продолжи по план, апсолутно секој нејзин детаљ ќе не потсетува на Харви Вајнштајн и скандалот кој ја обележа 2017 та. Новинар на „Њујорк пост“ Кајли Смит напишал колумна во која сугерира дека доделувањето на Оскарите би требало да се укине, како и дека Холивуд ќе покаже вистинско каење ако се откаже од нешто што најмногу го боли. И како воопшто после се би можело да изгледа доделувањето на Оскарите закажано за 4 март? „Секое појавување на детски ѕвезди ќе ве натера да размислувате за обвинувањата за педофилија, Квентин Тарантино, Мет Дајмон, Џорџ Клуни и многу други се загрижени за своите кариери бидејќи претходно не проговориле за сексуалниот предатор и наводен силувач Харви Вајнштајн со кој и сами соработувале. Секоја жена која излезе да држи говор ќе смета дека мора да зборува за неправда во индустријата, а сите со сомневање ќе гледаат во оние на кои ова нема да им биде тема за говор. Никакви алтернативи нема да бидат можни. Игнорирање на скандали, како што планирал да направи Џими Кимел веќе не се опција. Шега на сметка на овие откритија секако не се решение. Тоа само би ги потсетиле луѓето на тоа колку пати комичарите од Сет Мекфарлан до Тина Феј алудирале на болни работи во Холивуд без конкретни детали. Следното доделување на Оскарите може да остави силно влијание. Вистински Холивуд кој сите ќе ги спаси. А потоа постои и така очигледно решение: време да ги откажеме Оскарите“, се наведува во колумната. Критичарот потоа се преиспитува како ли воопшто ќе изгледа доделувањето на Оскарите без Вајнштајн, дали некој ќе смее да проговори како и дали всушност се тргнало токму поради оптеретеноста на оваа престижна награда.