Настани,
Настани
Хуманитарниот Велеслалом во Маврово дониираше пари за децата од здружението „Проект среќа“
Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ годинава ги доби средствата од Хуманитарниот Аматерски Велеслалом во организација на Ски Центар Маврово, кој се одржа минатиот викенд. Парите ќе се донираат за летниот камп „Шарено лето 2018“, кој и обезбедува летен одмор на децата што живеат во сиромаштија.
[caption id="attachment_18144" align="aligncenter" width="584"] Кристина Арнаудова, претседател на здруженито „Проект среќа“ им доделува медали на победниците на Велеслаломот[/caption]
Хуманитарниот велеслалом оваа година се одржжа по 16 пат во Маврово, и е е особено популарен како корпоративен настан, на кој се пријавуваат тимови од најголемите компании во Македонија. Годинава привлече 58 тимови, кои се натпреваруваа во неколку категории: мажи,жени, борд, и спорстки забавни игри на снег. Традиционално средствата од котизацијата на тимовите, Ски Центар Маврово ја донира во хумани цели. Годинава добитник е здружението Проект Среќа.
„ Бескрајно сме благодарни на укажаната доверба, и ги уверуваме организаторите на велеслаломот дека средствата ќе стигнат на вистинско место. Сите добиени пари, нашето здружение ќе ги намени за летниот камп „Шарено Лето 2018“, наменет за деца кои живеат во сиромаштија. Минатата година на овој камп учествуваа 40 деца а годинава ќе учествуваат 120 деца од цела Македонија. „Проект Среќа“ продолжува со работа на нови проекти и сме посветени на создавање на среќно општество за сите. Следен проект е „Среќно Матуранти“ со кој започнуваме на 20 март. За сите информации следете на нашата фејсбук страница, и приклучете ни се во нашата мисија! Им благодариме на сите поединци и компании кои ни ја даваат нивната поддршка, бидејќи без нив нашата мисија би била невозможна“, изјави Кристона Арнаудова, претседател на Здружението.