Здравје // Совети
Чаша црно вино е еднаква на час вежбање во теретана
Универзитетот од Алберта, Канада потврди преку истражување дека чаша црно вино е еднаква на час вежбање во теретана.
Ресвератолот кој го има во црното вино, и има антиканцерогено дејство, но и го намалува шеќерот во крвта може да го оживее организмот како час време во теретана.
Џејсон Дајка, кој е одговорен за истражувањето вели дека ова ќе ви помогне да го одржите тонусот на мускулите, дури и ако не посетувате теретана.
Оваа состојка во виното го зголемува бројот на отчукувања на срцето и со тоа го зајакнува срцето.
Скелетните мускули со тоа стануваат појаки.
Истражувачот вели дека сите сме слушнале дека чаша црно вино е корисно да се пие, но во суштина не сме знаеле што тоа значи.