По успешниот концерт во Скопје, Владимир Четкар замина за САД каде го очекуваат неколку концерти во Њујорк, Детроит и Кливленд.
На 31 Јануари, среда, Четкар се враќа на Тајм сквер со концерт во прочуениот Њујоршки клуб „BB king Blues Club“ каде редовно настапуваат некој од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул музиката. Четкар во Би Би Кинг ќе настапи во Лусилс (Lucille’s) која е помалата сцена на Би Би Кинг Клубот.
Во петок на 2 Февруари, Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо во клубот „Nighttown“ кој според магазинот „Down Beat“ е еден од водечките џез клубови во светот, а наредниот ден сабота 3 Февруари, ќе одржи концерт во Детроит во џез клубот „Jazz Café Detroit“ кој се наоѓа во историскиот „Music Hall“.
На сите концерти Четкар ќе свири своја авторска музика и ќе предводи интернационален септет во кој ќе членуваат американски, јапонски, мексикански и холандски музичари.