Појадокот е најважниот оброк во денот, и никој не го знае тоа подобро од ангелите на Victoria's Secret.
За овие девојки, нема компромис за совршената форма, бидејќи тие прават фотографии на долна облека низ целата година и, се разбира, дефилираат на годишното шоу .
Ангелите на брендот се категорични дека секоја од нив тренира како професионален спортист. Нивното утро почнува со посета на салата, каде што кардио, пилатес и бокс се само некои од вежбите што ги чекаат.
https://www.instagram.com/p/Bbenw3IFhrm/
За само неколку дена, убавиците ќе се качат на сцената во Шангај, а со цел да се подготват за шоуто и напорите за работа пред него, холандката Ромни Стрич измисли свој рецепт за енергичен појадок.
Роми е еден од најпопуларните ангели на брендот токму сега и го има телото за кое сонува, но вели дека го прави тоа со многу напор во салата и се држи до правилна исхрана.
Таа го откри нејзиниот омилен и корисен појадок и денес ќе ви покажеме како да си го направите дома!
https://www.instagram.com/p/BYTO9pLAm_r/
Состојки (за основата):
-1 лажица чоколаден протеин во прав
-40 г овес
-1 час. топла вода
Дополнителни состојки:
-Гоџи Бери
-Суво грозје, бадеми
-Путер од кикирики
-Свежо овошје: нектарини, боровинки, јагоди
https://www.instagram.com/p/BYRHc7sgrE8/
Како ја подготвува Роми:
„Пред да одам во кревет, го мешам чоколадниот прав со овес во сад, а потоа додавам топла вода. Потоа ја ставам чашата во фрижидер да отстои цела ноќ. Во утринските часови кога станам додавам други работи: лажица од гоџи бери, суво грозје, малку бадеми. Ја чувам оваа мешавина во замрзнувачот додека ги јатките не станат супер крцкави. На крај ставам една лажица путер од кикирики и го додавам свежото овошје. Сакам да се одморам додека уживам во појадокот и кафето“, вели ангелот на Викторија Сикрет.