Често повторување на зборовите „Не“ не е идеална опција како би го заштитиле своето дете.Барем не секогаш. Дознајте како на ефикасен начин да спречите незгоди и неудобности а детето да ве разбереФакт е дека денес пречесто се слуша како родителите, а и оние кои чуваат деца, изговараат – не!
Додека од една страна се „осудува“ претерана употреба, од друга (од родителите секако) стигнуваат „оправдувања“. Она што никој не го кажува е како, со што и кога да се замени, како и која е точната причина за родителското „не“!
За почеток да ги сфатиме родителите!
-Кога е во прашање сигурноста на детето од пресудно знаење се брзите реакции кај родителите, кои тогаш се импулсивни, инстинктивни, и за цел имаат заштита на детето. Тоа се оние ситуации кога детето сака да истрча на улица или кога не гледа (не разбира) дека му се заканува непосредна опасност – дека на пример, нешто може да падне на него или слично. Кога родителите викнат „Не“, детето се тргне, запре или во моментот се исплаши, неретко и заплаче, но ќе се сложиме дека е помала „штетата“ од солзите отколку дека се повредило.
Она што секогаш треба да следи, кога детето ќе се смири, е да му се објасни дека можело да се повреди, и да му се покаже како да биде повнимателно во иднина.
Кога е во прашање безбедноста или повредувањето на други од страна на детето, треба да се направи разлика дали детето нешто направило намерно или случајно. Овде родителите на децата често се во незавидна ситуација, бидејќи тоа што тие го знаат е дека детето без лоша намера нешто направило, тешко ќе разбере и другата личност, на пример родителите на другото дете. Во заднина е секогаш потребата на родителот да го заштити детето (па дури и од другото дете) и тоа може да ни ја помати сликата, односно работите да ги видиме поинаку, што е сосема во ред. Меѓутоа, токму тоа е причина и што родителите во паркови се како орли што ги надлетуваат своите деца со една цел – да спречат незгодна ситуација, што често оди на штета на децата. И тогаш тргнува претерано „Не, не, не!“ кое има за цел не само заштита на другото дете, туку да се спречи евентуална незгодна ситуација.
Како да изреагирате, а не нѐ направите бунт во парк (на роденден, во игротека)?
Би било идеално и секако поедноставно кога сите родители би ги разбрале добрите намери на своите деца, бидејќи верувајте дека ниеден двегодишник не излегува од дома со идеја некој намерно да штипне, удри или земе нечија играчка. Но, со оглед на тоа дека родителите имаат „вграден состав“ на заштита на потомци и дека не сакаат токму нивното дете да биде причина за препирки и караници, тогаш решението е наместо да говорат често „не“ да го насочат детето и да му говорат што ДА работи. На пример-„Прашај дали можеш да ја позајмиш играчката“, „Случајно го удри, тоа го боли, кажи му извини“ …После ова некои родители едноставно импулсивно ќе реагираат (а можеби и вие ќе бидете во слична ситуација) но пробајте да ги разберете. Многу е важно дури и во такви случаи да го насочувате детето што да направи, бидејќи се плаши да разбере од она „не“. Нормално, не очекувајте дека се веднаш ќе му биде јасно, посебно ако е помладо од две години.
„Не допирај го тоа! Немој тука да седиш! Не гледај цел ден во тој екран! Тоа не ставај го тука!“ и слични барања се бескорисни од две причини. Прво, мозокот не разбира негација. Сè додека на детето му зборуваме нешто да не работи, тоа сепак ќе работи, но не во инает туку затоа што ние несвесно му даваме такви инструкции. За да разбере мозокот што НЕ треба да прави, прво мора да го замислите. Така доаѓаме до втора причина, односно последици на негација, а тоа е насочување на внимание токму на она што не го сакаме детето да го прави. Па, што потоа да кажеме?
Прво запрашајте се која е вашата цел да му кажете на детето нешто да не допира? Што сакате да му порачате? Да биде внимателно да не се повреди? Да внимава нешто да не падне, и да се скрши? Дали ќе се извалка? Тогаш така и кажете-БИДИ внимателен бидејќи тоа може да те повреди. Тоа е кршливо пробај да го заобиколиш. Тоа лесно се крши, подобро гледај оддалеку. Гледаш дека тоа е валкано, ако се приближи преблиску, ќе се извалкаш…
На овој начин всушност го насочуваме детето на она што треба, поточно ја водиме позитивната комуникација која дава подобар резултат од бурно повторување на негативни реченици.
Сега барем многу полесно е да се сфати кога е ОК да се каже „НЕ“, а кога (и со што) треба да се замени. Како и секогаш, напоменуваме дека за се треба време, па така и за усвојување на ваков начин на говор.