Јана Бурчевска стана мајка, нека е честито!

Добивај вести на Viber

Идната правничка, која годинава во Киев ја претставуваше Македонија стана мајка. Вчера попладне во една скопска болница се породи Јана Бурчевска. Јана и нејзиниот партнер добија ќерка. Нивната љубов беше крунисана токму на Евровизиското преставување, каде Јана пред публиката откри дека чека бебе. Сопругот на Јана е Александар Филиповски и е гитарист во нејзиниот бенд Оф битс.